Во Србија просечната нето-плата во април изнесувала 416 евра

Просечната исплатена нето плата во Србија во април 2018 година, изнесувала 49 117 динари или 416 евра, со што номинално е поголема за 6,7 проценти, а реално за 5,5 отсто во однос на истиот месец минатата година, соопшти Републичкиот завод за статистика на Србија.

Според податоците, просечната бруто плата во април, изнесувала 67 901 динари, што е номинално зголемување за 6,отсто, а реално за 5,0 проценти на годишно ниво.

Средната вредност помеѓу највисоката и најниската исплатена бруто плата изнесува 52 779 динари, додека нето заработувачката изнесува 38 394 динари.

Во јавниот сектор бруто платата во април годинава изнесувала во просек 76 970 динари, а нето платата 55 450 динари, додека заработувачката вон јавниот сектор изнесувала 63 342 динари или без даноците и придонесите таа изнесувала 45 934 динари, соопштија од Републичкиот завод за статистика на Србија.