Во Велес повеќе од 20 дена не се мерат ПМ честичките во воздухот

Од 27 декември минатата година не се мерат ПМ честичките во воздухот во Велес.

Иако од Министерството за животна средина и просторно планирање имаше најава дека апаратите ќе бидат поправени, тие се уште не се во функција.

Од 1 јануари до денеска средно дневните концентрации на чад биле под, но и блиску до макисмално дозволената граница од 50 микрограми на метар кубен воздух.

Така просекот од 3 ти до 7 јануари за петте дена бил 48,5 микрограми на метар кубен воздух, со што, според експертите, може да се заклучи дека во одделни периоди од денот посебно во вечерните часови концентрациите на чад биле зголемени.