Владата го разреши директорот на струшкиот затвор
Владата на денешната седница го разреши директорот на струшкиот затвор, Арменд Шаќири. Во одлуката на владата стои дека тој е сменет од должноста на негово барање. Во барањето кое го доставил пред две недели, Шаќири не ги навел причините поради кои бара да биде разрешен.
Алсат М дознава дека во полициската операција која била насочена против дилери на дрога, лицата биле следени со посебни истражни мерки, а меѓу оние кои биле предмет на истрага бил и директорот на затворот. Нема информација за тоа дали против разрешениот директор ќе биде поднесена пријава за сомнителните незаконски постапки. Во ДУИ не сакаат да го коментираат случајот.