Булингот во училиштата причина за ментални нарушувања

Децата кои одат на училиште се почесто се  соочуваат со малтретирање, познато како булинг . Малтретирањето е во пораст  не  само во земјава туку и во светот, а како резултат на тоа  има се повеќе ментални нарушувања на се порана возраст. Булингот не е изолирано однесување , туку  се повторува од истите деца и  секојдневно. Такму повторувањето  претставува дополнителен извор на стрес за жртвата на малтретирањето, која е во исчекување насилството пак да се случи.  Универзитската професорка,  Ана Фрицханд вели дека  потребно да се подигне  свеста кај учениците  за да знаат да го препознаат булингот и што порано да го откријат. Праксата според Фрицханд  покажува дека децата кои се физички казнувани се поагресивни, емоционално нестабилни и имаат ниско себепочитување.

„Кога зборуваме за булингот, треба да ни е јасно дека ќе треба системски да го решаваме , бидејќи само така може да се реши. Тоа подразбира секоја страна којашто е вклучена  во целиот процес на социјализација на децата, почнуваќи од родителите, после наставниците односно училиштата, а и децата треба да бидат едуцирани. Да знаат како да препознаат што е тоа малтеретирање во училиште, да знаат дека  не треба да бидат пасивни, оти молчењето нема да го реши проблемот, туку ќе го направи уште поголем. Треба да знаат да препознаат малтретирањето и веднаш да кажат дома на родителите, класниот, наставникот, на тој начин ќе може да му се помогне на детето. Важно е што порано да се знае да се превенираат некои посложени негативни последици. Праксата покажува дека за булингот се дознава  кога веќе  има развиени симптоми  и големо страдање психичко кај детето кое е жртва. Потребно е да се подигне свеста кај учениците дека постои како се манифестира малтретирањето за веднаш да го откријат, таа едукација да е од стручни лица  пред се психилози, социјалните работници, педагози и да се применат  ефикасни стратегии како тоа да се спречи“ вели  Фрицханд.

Негативните и штетни ефекти од малтретирањето се регистрирани во голем број истражувања, кои покажуваат дека истото е главен фактор за слабо психосоцијално здравје, вклучително и за депресијат а придонесува и за јавување на суицидално однесување. Во периодот на адолесценција, секое малтретирање го зголемува ризикот од самоубиство, без оглед на социјалното опкружување на адолесцентот. Според СЗО, околу 20 отсто  од децата и адолесцентите во светот се соочуваат со проблеми или со нарушувања на менталното здравје. Околу 800.000 луѓе во светот годишно извршуваат самоубиство, што е втора најчеста причина за смрт на возраст помеѓу 15 и 29 години.  Воедно, нарушувањата на менталното здравје и злоупотребата на супстанции се набројани меѓу главните причини за појава на различни видови попречености во светски рамки.

 

Вероника Мароска-Леова

Борис Грданоски-фоторепортер