Шкендија и Вардар ремизираа


Есенскиот лидер Шкендија и актуелниот првак Вардар одиграа нерешено во дербито на 19. коло што се одигра во Тетово.

Вардар поведе со голот на Бобан Грнчаров во 78. минута, но само по седум минути Бесарт Ибраими погоди од работ на шеснаесетникот и донесе израмнување за домаќините.

Натпреварот и покрај тензиите, пред се меѓу Грнчаров и Ибраими, сепак помина без посериозен инцидент.

Шкендија по овој резултат останува лидер на табелата во осум бодови предност.

На останатите натпревари од колото Шкупи со 5:2 ја декласираше Академија Пандев.

Реми без голови одиграа Работнички и Ренова, а без победник со по еден гол на двете страни заврши пелагониското дерби меѓу Победа и Пелистер.

Натпревар меѓу Силекс и Скопје поради поплавениот терен во Кратово е одложен за 21 февруари