Тачи: Вистината за убиството на Оливер Ивановиќ некого ќе го заболи


Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека ќе бидат откриени убијците на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ и дека вистината некого ќе го здоболи.

Во интервју за телевизијата Н1, тој рече дека мотивите за убиството се од криминална природа.

– Истрагата за убиството на Оливер Ивановиќ продолжува. Досега нема индикации кои би укажале на етнички мотивиран случај, но првите информации укажуваат на криминални, мафијашки мотиви. Ќе соработуваме со српските власти за да добиеме адекватни информации. Вистината ќе излезе, иако некој ќе го боли, рече Тачи.

Тачи потенцира дека се работи за прелиминарни податоци од истражните органи.

– Повеќе не можам да кажам. Тука се и релевантни институции кои ќе ги дадат своите резултати. Меѓутоа, можеби постојат и криминални структури поврзани со одредени политички кругови, рече тој.

Целосното интервју на Хашим Тачи за Н1 ќе биде емитувано во сабота на таа телевизија