Состанок Макрон, Си, Меркел и ЕУ во Париз
Франција– Францускиот претседател Емануел Макрон ќе се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг, германската канцеларка Ангела Меркел и претставник на ЕУ, на 26 март во Париз, со цел да разговараат за мултилатералните односи меѓу Европа и Кина, изјави синоќа претставник од француското претседателство.
Тој рече дека разговорите ќе се фокусираат на трговијата, климата и односите меѓу Кина и Европа.
– Тој состанок е првиот чекор, истакна официјалниот претставник и додаде дека состанокот може да помогне во поставување на основа за конкретни резултати на претстојниот самит ЕУ-Кина, кој треба да се одржи на 9 април во Брисел.