Казна од 8,7 милиони долари за обложувалницата „Вил Хил“ за перење пари
Британската обложувалница „Вилијам Хил“ ќе мора да плати парична казна од 8,7 милиони долари за кршење на прописите за спречување на перење пари и социјална одговорност, објави Комисијата за игри на среќа.
Бидејќи обложувалницата не го потврдила потеклото на парите, 10 клиенти платиле големи суми пари, кои се поврзани со криминални активности, а „Вил Хил“ остварила профит од 1,67 милиони долари.
– Ова беше системска грешка во „Вил Хил“, која траеше речиси две години, а денешната казна, која може да надмине 8,7 милиони долари, ја одразува сериозноста на прекршокот, додаваат од Комисијата.