Знае ли Министерството за култура кој е скопјанецот Јахја Кемал? 

Mостот на соработка меѓу двете земји, кој толку многу се истакнува, сега, со една одлука, е срушен без никакво образложение, ниту правна поука


Во македонската јавност и во турската заедница во Македонија предизвика шок одлуката на Министерството за култура да го одбие барањето на пратеникот Сали Мурати, од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, за основање национална установа под името на великанот на турската книжевност и дипломат Јахја Кемал Бејатли во Скопје (по кој е наречен и истакнатиот колеџ во Скопје).

Барањето до Министерството за култура, Мурати, како пратеник го доставил до Министерството за култура на 13 ноември 2024 година.  По четиримесечен молк, барањето до Министерството за култура е одбиено, иако „ е непобитен е фактот за значењето и важноста на Јахја Кемал Бејатли за турската култура и книжевност и воопшто во поглед на целокупното културно наследство на Република Македонија и повеќеслојноста на неговата поврзаност со Скопје“.  Наместо да наведе конкретни законски пречки, Министерството во образложението наведува дека веќе постојат три национални установи во Република Македонија: Турскиот театар,  Спомен куќата на Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик и во Скопје.

Зошто ликот и делото на камен-темелникот на турската литература, кој  претставува непроценливо културно наследство што го поврзува Скопје и Македонија со Турција и светската книжевност, Министерството за култура не го препозна како уште една симболична алка која ги поврзува двата народа- македонскиот и турскиот, кои негуваат одлични релации на сите полиња и за кои високите функционери се фалат со полна уста кога одат во Турција или канат гости од Турција. Сега тој мост на соработка, кој толку многу се истакнува, е срушен без никакво образложение, ниту правна поука. Не треба да се заборави фактот дека Турција беше втората држава која ја призна Македонија како самостојна држава, без никакви условувања, а Турците  се исклучително лојални  граѓани на оваа држава. 

Естетската убавина на песните на Јахја Кемал, суптилноста на турскиот јазик и неговата длабока мисловна структура, сè уште се читаат со големо воодушевување од љубителите на литературата во цел свет. Скопјанецот Јахја Кемал Бејатли не беше само поет, туку беше и човек од културата, човек на нацијата, дипломат. Од перото на Јахја Кемал Бејатли, лојален на својата нација и чувство на длабока љубов кон турската историја, излегоа дела за турските национални и духовни вредности, велат познавачите на неговото дело и тука и во Турција. 

 Јахја Кемал е роден како Ахмет Агах (Скопје, 1884 – Истанбул, 1958). Се школувал во Скопје, во Истанбул и во Париз, бил професор на повеќе факултети во Истанбул. Како дипломат бил  амбасадор во Полска, Португалија, Шпанија и во Пакистан и претставник на Турција во УНЕСКО. Додека бил во Париз, Јахја Кемал развил склоност кон литературата и бил под влијание на француското романтично движење. На крајот решил дека сака да пишува поезија и прво ги проучувал историските дела на француските поети од Парнас. Следствено, тој барал начин да ја оживее турската поезија Диван со цел да создаде мазни и чисти поетски линии.

Поезијата на Јахја Кемал е под влијание на музиката, бидејќи тој компонирал со концепти позајмени од турската музика. Додека го објаснувал внатрешниот ритам на поетскиот јазик, тој користел музички термини како што е Tınnet, што ја означува музичката вредност на звуците или зборовите што го темпомат поетскиот стих. За Јахја Кемал ова бил единствениот метод за создавање внатрешна хармонија. Тој вели: „Поезијата е слична на музиката. Поезијата не е направена од куплети, туку поезијата е мелодија“. Во најголем дел, тој бил доследен и го практикувал она што го проповедал; во неговата поезија, музиката и значењето одат рака под рака.

Централната мисла што се провлекува низ неговите песни и проза е дека турската нација е обликувана со потта и солзите на срцето на земјата. Дури и неговите љубовни песни содржеа стилизирани историски и културни вредности. Кога се вратил во Истанбул во 1912 година, Јахја Кемал веќе бил познат како мајстор поет, а промената на режимот во земјата му овозможила можности на разни високи владини позиции. До 1915 година, тој ги запознал Халиде Едиб Адивар, како и Јусуф Акчура, двајцата познати турски автори. Истата година, тој тесно соработувал и со Зија Ѓокалп на Истанбулскиот универзитет, каде што бил номиниран за професор по историја на западната литература по препорака на Ѓокалп. По основањето на Турција, Јахја Кемал станал пратеник во парламентот за покраините Урфа (1923–1926), Јозгат (1934), Текирдаг и Истанбул. (1943). Откако Законот за презимиња стапил на сила во 1934 година, тој го усвоил презимето „Бејатли“.Починал на 1 ноември 1958 година во Истанбул и бил погребан на гробиштата Ашијан Асри.