Земјотрес од 7,2 степени по Рихтер го погоди североистокот на Јапонија
Силен земјотрес со интензитет од 7,2 степени по Рихтеровата скала го погоди североистокот на Јапонија.
Издадено е предупредување за цунами.
Земјотресот со јачина од 7,2 степени се случил на 57 километри од Сендаи-ши нешто по 9 часот по средноевропско време или 18.10 по локално време. Еден човек на страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар напиша: „Шетав надвор кога се случи земјотресот. Видов како се нишаат електрични столбови“.
Земјотресот се случува десетина дена по силниот земјотрес од 11 март 2011 година, кога загинаа повеќе од 15.000 луѓе.