Земјотрес од 7,1 степен во Фукушима


Силен земјотрес денеска ја потресе јапонската префектура Фукушима.

Според ЕМСЦ, земјотресот се случил во 23.07 часот по локално време (15.07 наше време) на длабочина од 60 км.

Епицентарот е на 81 км од Ишиномаки, град со 120.000 жители.

Нема издадено предупредување за цунами.