Зеленски потпиша декрет со кој нема да преговара со Путин

Украинските сили освоиле нови теротории во јужната област Херсон. Рускиот министер за одбрана изјави дека 200.000 од мобилизираните стигнале во Украина


 

Претседателот Володимир Зеленски потпиша декрет со кој формално се прогласува за „невозможна“ перспектива за какви било разговори во Украина со рускиот лидер Владимир Путин.

Указот ги формализираше коментарите на Зеленски во петокот, откако рускиот претседател прогласи четири окупирани региони на Украина за дел од Русија.

„Тој [Путин] не знае што е достоинство и чесност. Затоа, ние сме подготвени за дијалог со Русија, но со друг претседател на Русија“, рече Зеленски во петокот.

Клаузулата еден од декретот, што беше подготвен од Советот за национална безбедност и одбрана на Украина на 30 септември, гласи „[Украина одлучи] да ја наведе неможноста за водење преговори со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин“.

Во истовреме рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, изјави дека повеќе од 200.000 луѓе им се приклучиле на руските вооружени сили како дел од „делумната мобилизација“. Шојгу рече дека обуката на новите единици ќе се изведува на специјални полигони и центри за обука, објави во вторникот рускиот државен медиум РИА Новости. Шојгу не даде дополнителни детали за новомобилизираниот персонал.

Законите за илегална анексија на четири региони во Украина „најверојатно“ ќе бидат потпишани од Путин во вторник, изјави портпаролот на Кремљ.

„Најверојатно, законите ќе бидат потпишани (од претседателот Путин) денеска“, рече Дмитриј Песков за време на секојдневниот разговор со новинарите.

Претходно во вторникот, Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, едногласно го одобри незаконското пристапување на Народните републики Доњецк и Луганск, како и на регионите Херсон и Запорожје. Долниот дом на рускиот парламент, исто така, едногласно гласаше за четирите закони – по еден за секој регион – во понеделникот.

Постапката се очекуваше да биде формалност, бидејќи Путин и неговите сојузници ефективно ги контролираат двете гранки на рускиот законодавен дом.

Денеска се јавува дека украинските трупи зазеле уште територии во регионите нелегално анектирани од Русија, при што силите на Киев напредуваа во близина на јужниот град Херсон и ги консолидираа придобивките на исток.

Официјални лица инсталирани од Русија во Херсон го потврдија напредувањето, но рекоа дека московските сили се укопуваат.

Украинските трупи, исто така, се движат кон Луганск, кој е под контрола на Русија на исток.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „има новоослободени населби во неколку региони“.

Говорејќи за време на неговото ноќно обраќање, Зеленски рече дека „жестоките борби продолжуваат во многу области“, но не даде детали. Напредокот на контранападите на Украина е строго чуван, а новинарите главно се држат подалеку од првите линии.

Но, на југ, Владимир Салдо, лидерот инсталиран од Русија во регионот Херсон, призна дека украинските сили се пробиле во близина на Дудчани, град на реката Днепар на околу 30 километри јужно од претходната линија на фронтот.

„Има населби кои се окупирани од украинските сили“, рече г-дин Салдо. Некои руски извештаи велат дека Украинците сега го зазеле Дудчани.

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков изјави дека украинските тенкови „нумерички супериорни“ „пробиле длабок клин“ јужно од Золота Балка, село што ја означува претходната линија на фронтот на Днепар. Тој тврдеше дека Русите убиле околу 130 украински војници во тие борби.

Според Салдо, два украински баталјони се обиделе да стигнат до хидроелектричната станица Каховка, околу 70 километри источно од Херсон. Електраната е во пристанишниот град Нова Каховка.

Украинскиот напредок е насочен кон линиите за снабдување за дури 25.000 руски војници на западниот брег на Днепар, пренесува Ројтерс. (Според агенциите)