Зеленски и Руте разговараа за обезбедување пресретнувачки ракети за украинската воздушна одбрана
Киев – Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека денеска разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте за можноста за обезбедување повеќе пресретнувачки ракети за воздушна одбрана.
– Марк е добро запознаен со заканите и ние ги координираме нашите напори со земјите што ги имаат потребните ракети и способност да помогнат, објави Зеленски на платформата Икс.
Тој додаде дека „многу е важно да се елиминира целата бирократија и да се донесат потребните политички одлуки“.
Додека Руте, по разговорот со Зеленски, исто така на Икс, објави дека разговарал со сојузниците „како можеме да продолжиме да ѝ обезбедуваме на Украина средства за воздушна одбрана што им се итно потребни“.