Захарова за Евровизија: „Надминати се секоја оргија и вештерство, ова е погреб на Западна Европа“


Марија Захарова, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, остро ги осуди настапите на некои учесници на годинешната Евровизија.

Захарова музичкиот натпревар одржан во шведскиот град Малме го нарече „погреб“ на Западна Европа.

„Евровизија 2024 ја надмина секоја оргија, односно вештерство и ритуално светољубие во Западна Европа. Немаше изненадувања“, порача Захарова на својот канал на „Телеграм“.

Захарова објави и кратко видео на кое се прикажани настапите на Ирска, Финска, Сан Марино, Украина, Холандија, Велика Британија, Шпанија, Швајцарија, Естонија и Хрватска.