Заев од Атина доаѓа со инвестиција на американската компанија „TEXAN & Envipco“ за рециклирање на пластика


Премиерот Зоран Заев со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос

Компанијата „TEXAN & Envipco“ ќе отвори фабрика за рециклирање на пластика во Северна Македонија, соопштија од Кабинетот на премиерот Зоран Заев. Оваа американска компанија веќе 10 години работи во Грција со најсовремена технологија за рециклирање.  

Инвестицијата била најавена за време на средбата на премиерот Заев и на вицепремиерот Фатмир Битиќи со претседателот на грчко-американската комора АмЧам, Николаос Бакацелос и со претставници на компании членки на комората.
Како што се вели во соопштението до медиумите на средбата компаниите изразиле интерес за заеднички вложувања и за инвестиции во енергетиката, обновливите извори како и во циркуларна економија во насока на спроведување на Зелената агенда, како и во агро секторот.


„Премиерот Заев истакна дека Северна Македонија посветено работи на унапредување на економската регионална соработка, за што говорат и податоците за солидната трговска размена со земјите од регионот како и заедничките проекти во полето на енергетиката, е вели во соопштението при што се додава дека заедно со вицепремиерот Битиќи ги поканиле компаниите да ги искористат можностите за инвестирање, како и за заеднички вложувања со националните компании.

На состанокот се дискутирало и за придобивките од влезот на Северна Македонија во НАТО што за инвеститорите е јасен и позитивен сигнал бидејќи ја зголемува предвидливоста и сигурноста на деловниот амбиент за нови инвестициски вложувања.