За синдикалната кошница во април биле потребни 204 денари повеќе во однос на март


Фото: Борис Грданоски

Синдикалната кошница со која се пресметуваат минималните месечни трошоци на едно четиричлено семејство во април е зголемена за 204 денари во однос на март.

Според Сојузот на синдикати на Македонија, кој на месечно ниво ја изработува синдикалната кошница, ваквото зголемување е резултат на евидентното зголемување на трошоците за живот во април и тоа на храната и пијалоците за 1,2 проценти, хигиената за 1,1 процент и на облеката за еден процент.

–  Сојузот на синдикатите на Македонија оправдано во изминатиот период бараше минималната плата да изнесува најмалку во висина од 60 проценти од просечната плата, поради тоа што ниту просечната, а ниту две минимални плати не ја покриваат Синдикалната минимална кошница, односно за да се покрие истата на едно четиричлено семејство му недостасуваат 3.596, денари, па од тука усогласувањето на висината на минималната плата не требаше да биде со надгласување на работниците. Висината на усогласената минимална плата за 235 денари, наместо за 446 денари колку што укажуваше ССМ е занемарливо поради зголемувањето на цените на производите за исхрана и пијалоци, обивки и хигиена кои се составен дел од Синдикалната минимална кошница, нагласуваат од ССМ.

Пресметките на синдикатот покажуваат дека вредноста на синдикалната кошница во април изнесувала 33.976 денари од кои најмногу или 14.332  денари се потребни за храна и пијалоци и 10.809 за комуналии. Остатокот е за превоз, хигиена, облека и обувки…