За седум недели војна загинале речиси 3.000 украински војници, на руска страна загубите многу поголеми
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска објави дека меѓу 2.500 и 3.000 украински војници биле убиени во текот на седумте недели од војната со Русија и дека уште околу 10.000 биле ранети.
Зеленски рече дека меѓу 19.000 и 20.000 руски војници биле убиени во конфликтот, кој сега е во осмата недела, а Москва минатиот месец соопшти дека вкупно 1.351 руски војници биле убиени, а 3.825 биле ранети, наведува британската агенција, напоменувајќи дека не можела независно да ги провери податоците на која било страна.
Зеленски, исто така, рече дека воената ситуација на југот и на истокот на земјата е „сè уште многу тешка“ и го пофали успехот на украинските вооружени сили.
„Успесите на нашата армија на бојното поле се навистина значајни, историски значајни. Но, тие сè уште не се доволни да ја исчистат нашата земја од окупаторите. Ние сепак ќе ги победиме“, рече украинскиот претседател во синоќешното видео обраќање, повикувајќи ги сојузниците да испратат потешки оружје и воведување меѓународно ембарго на руската нафта, пренесува Ројтерс.