За церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз мобилизирани 6.000 полицајци и жандарми
Шест илјади француски полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторно отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија локалните власти.
На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади.
Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани „6.000 луѓе (полицајци, жандарми)“, како за церемонијата на отворање на Олимписките игри на крајот на јули.