(Вознемирувачко видео) Млада девојка загина во Турција кога врз неа падна снег


Истанбул не видел ваков снег со децении

Ајше Идер (21) загина во вторникот, 6 јануари, кога куп снег падна врз неа од осумкатница во турскиот град Битлис.

Трагедијата се случи додека девојката одеше по тротоарот покриен со дебел слој снег. Врз неа во три наврати падна огромна количина снег.

Минувачите веднаш истрчаа да ѝ помогнат.

Девојката веднаш е пренесена во државната болница каде што, и покрај сите напори на лекарите, им подлегна на повредите.