Вонредно исклучување на струјата во Киев и во други области поради закана од напад


Украина превентивно ја прекина струјата во Киев и во неколку други области поради заканата од руски ракетен напад, соопштија украинската армија и енергетската компанија, цитирани од украинските медиуми.

Електричната енергија, освен во главниот град е прекината и во регионите Одеса, Дњепропетровск и Доњецк, прецизираше на Телеграм украинската компанија за електрична енергија ДТЕК. Воздушна тревога е прогласена низ цела Украина.