Вонредна состојба на Мајами Бич поради голем број туристи во пандемија


People enjoy themselves along Ocean Drive on March 19, 2021 in Miami Beach, Fla. Joe Raedle/Getty Images

САД– Градот Мајами Бич на југот на Флорида прогласи вонредна состојба поради прекумерни посети на туристи за време на пролетниот распуст, додека се уште трае пандемијата на коронавирус, објави Јаху њуз.

Градоначалникот на Мајами Бич, Ден Гелбер рече дека во тоа популарно туристичко место во саботата, од 20 часот, е воведен полициски час, а шеталиштата покрај плажата се затворени.

– Двете мерки ќе бидат во сила најмалку три дена, рече Гелбер и потврди дека се водат разговори за продолжување на рестриктивните мерки.