Војната против Иран го чинеше Израел 11,5 милијарди долари
Војната на Израел со Иран предизвика буџетски трошоци од 35 милијарди шекели (11,52 милијарди долари), од кои 22 милијарди шекели одат за одбрана, соопшти денеска израелското Министерство за финансии, и тоа се прелиминарни проценки.
Износот веќе е додаден во буџетот за 2026 година, се вели во соопштението.
Министерството нагласува дека конфликтот донел високи економски трошоци, и предупреди дека вкупниот износ може да се зголеми доколку се продолжат борбите или се случат други големи безбедносни инциденти.
Според министерството, околу 22 милијарди шекели се потрошени за безбедносниот систем, вклучувајќи ја војската, Министерството за одбрана, Министерството за национална безбедност, кое ја надгледува израелската полиција и други безбедносни агенции.
Поголемиот дел од трошоците за одбрана биле потрошени за купување опрема, како и за проширена мобилизација на резервни сили.
Втората најголема компонента, во вкупен износ од 12 милијарди шекели, покрива надомест за штети од ракети, како и плати на работници и бизниси.
Останатите милијарда шекели покриваат цивилни трошоци, вклучувајќи медицинска нега и исплати за ранетите, финансирање на локалните власти за опрема и одговор во итни случаи и трошоци поврзани со социјална помош.