(Во живо) Прес на министерот Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче закажа прес-конференција денеска во 12 часот.
Поради висок број новозаразени, последните денови, мерките останаа на истото ниво од претходната недела.
Дополнително, Министерството за здравство синоќа информира дека меѓу граѓаните се шири е-маил со невистинита содржина, испратен од лажна адреса која наликува на Министерство за здравство.
Известен е секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи, кој веќе постапува за овој случај.
Проследете ја прес-конференцијата во живо: