СДСМ: Обвинителството да отвори истрага за Мицкоски и Клековски – го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар


Фото: Б. Грданоски

Повторно ново ветување. Повторно неисполнето. Повторно водата не е чиста, ниту техничка. Владата сѐ уште не достави официјален документ со кој се потврдува дека водата што граѓаните на Гостивар ја користат повеќе од една недела е технички исправна, наведува СДСМ во соопштение .

„Единствена „потврда“ беше изјавата на Мицкоски.

Ништо повеќе.

Денес повторно се врши хиперхлорирање.

Кога се прави хиперхлорирање – капењето не е дозволено.

Но никој не смее тоа јавно да им го каже на граѓаните, затоа што тогаш ќе се открие дека Мицкоски лажеше.

А лажењето и навредите се единствениот начин на комуникација што тој го познава.

Министерот Клековски најави дека од оваа недела водата ќе може да се пие.

Мицкоски рече дека има бактерија.

Денес официјално е потврдено: присутна е опасната бактерија Pseudomonas aeruginosa, која има сериозни последици по здравјето на човекот.

Тоа значи дека капењето не било дозволено, а граѓаните се капеа.

Ова е страшна информација што власта се обидува да ја прикрие.

За ова мораат кривично да одговараат:

•  Христијан Мицкоски
•  министерот Клековски
•  и сите одговорни лица од институциите што молчеа додека се загрозуваше здравјето на граѓаните на Гостивар.

Ова сѐ уште трае.

Одговорноста не може и не смее да се избегне.

Го повикуваме Савевски барем еднаш да постапи согласно законот и да застане во одбрана на граѓаните. Знаеме дека е под команда на Мицкоски, но овојпат се во прашање животите на граѓаните и нивното здравје“, се наведува во соопштението на СДСМ.