Во судница во Калифорнија експлодира торба, двајца повредени


Две лица се повредени во експлозија во судница во Санта Марија, Калифорнија, соопшти канцеларијата на шерифот на округот Санта Барбара.

„Ве молиме избегнувајте ја областа. Местото на настанот не се смета за безбедно. Следуваат повеќе информации“, соопшти канцеларијата на шерифот во објавата на X.

Две лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, изјавија од канцеларијата на шерифот за локалните медиуми.

Осомничениот бил во судницата фрлил торба во судницата која потоа експлодирала, објави локален портал, цитирајќи извршен службеник на Врховниот суд.

Канцеларијата на гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, соопшти дека тој и Канцеларијата за итни служби на државата активно ја следат ситуацијата и се координираат со органите за спроведување на законот.