Во Србија триумфираше рускиот наратив

Руската вредносна мрежа во која се заплетка Србија одамна е проткаена низ медиумите со цел да се намали прозападното расположение


Веќе на крајот на изборниот ден на 3.4.2022 и покрај необјаснивата мрзеливост на Републичката изборна комисија, се дозна кои ќе бидат победниците на изборите 2022 за претседател на Србија, за парламентот и за Белград!

Но, пред имињата на оние кои успеале во нив, однапред се знаеше еден победник и пред објавувањето на резултатите: Во Србија триумфираше рускиот наратив, кој директно, или само нешто помалку од тоа, го одреди и влијаеше на текот на овогодишната изборна кампања и нејзините резултати.

Растот на руското влијание во Србија често и со право се сметаше за злоќуден и штетен – кога станува збор за нејзината прокламирана определба еден ден да биде дел од Европската унија и на темелното западно разбирање на демократијата. Неговиот раст во Србија трае веќе подолго време, а започна веднаш по склучувањето на т.н. Бриселски договор создаден во обид да се отплетка косовскиот јазол, кој ги оптоварува и Балканот и Европа.

Оттогаш тоа влијание ќе стане траен контрапункт наспроти првата убедлива парламентарна победа на Александар Вучиќ и неговата СНС, а по своевременото лансирање на сега заборавениот т.н. внатрешниот дијалог за Косово стана агресивно до тој степен што брзо-брзо беше напуштен.

Во исто време, овој раст на руското влијание (ако се занемари што се случуваше во делот на граѓанските организации) се одвиваше без соодветни внатрешни анализи, а особено без амбиција на властите организирано да му се спротивстават. Напротив.

Се покажа, и ќе се покаже уште повеќе во наредниот период, дека во Србија неспротивставувањето на тоа растечко руско влијание беше стратешка грешка (кога е во прашање нејзината евроатлантска иднина).

Дали таа грешка е правена намерно или не, не е важно кога станува збор за последиците до кои доведе овој раст.

Руската агресија на Украина во 2022 година не успеа да го попречи руското влијание и идеолошкото продирање на Кремљ во политичкото битие на Србија и во изборната кампања во 2022 година. Во Србија, тоа немаше ефекти на консолидација во одбрана на западниот концепт на демократски вредности, како што имаше во Европската унија и западниот свет воопшто, вклучително и резолуцијата за осуда на руската агресија донесена од големо мнозинство од членките на Обединетите нации. Напротив.

Иако Србија се приклучи на тој глас на светот во ОН, може да се каже дека ефектите од руската агресија врз Украина во самата Србија беа спротивни. Ова може да се следи преку изложба на насловните страници на главните српски медиуми и емисиите на телевизиите со национални фреквенции. Изборните резултати на 3 април се само продолжение на испораките на руското влијание во Србија, кое ќе биде уште поголемо доколку во догледна иднина дојде до пацификација на агресијата на Кремљ врз Украина.

Спротивставувањето и жестокиот, кавгаџиски вокабулар на српскиот отпор кон воведувањето санкции против Русија иницирани од ЕУ, со кои Србија е формално сѐ уште во непрекинат процес на подготовки да ѐ се приклучи, е само врвот на ледениот брег на руските политички достигнувања на теренот на тнр. српски свет! Само противењето на воведувањето санкции кон Русија всушност е помалку важно од главната и остварена цел на Русија – наметнување на српската политичка и општествена структура на оние политички вредности и методи со кои Русија и нејзините подложни странски земји се спротивставија на западните универзални вредности и идеалите за демократско владеење.

Руската вредносна мрежа во која се заплетка Србија одамна е проткаена низ медиумите со цел и преку намалување на прозападното расположение во земјите чија цел е; омаловажување на ЕУ и поткопување на поддршката за членство во ЕУ, и меѓу земјите-членки и меѓу земјите кандидати; потсмевање на ЕУ и поткопување на поддршката за членството во ЕУ и меѓу државите членки и во земјите кандидати; обновување на влијанието на Русија во постсоветскиот простор; поткопување на внатрешната кохезија и суверенитет, па дури и територијалниот интегритет онака како што им одговара на интересите на Кремљ; и не на последно место, злоупотребата на религијата, на православната црква слична на онаа во самата Русија.

Продолжувањето на патот на Србија кон членство во ЕУ во првите обраќања на српските политичари по објавувањето на резултатите од изборите во 2022 година беше спомнато само патем, во фонот на фразата за натамошна модернизација и економски развој на земјата.

Ден по изборите во Србија веќе е јасно:

Во долгогодишната војна за одбрана на вредностите врз кои почива ЕУ и кој, како што слушаме на Запад, и urbi et orbi по агресијата на Украина, која претстои, а која нема да биде кратка, Србија како општество и како држава, влегува како сериозен губитник со сериозна вредносна инсуфициенција и политички и морален дефицит, како последица на досегашната стратегија на неспротивставување и обиди да се ескивира злонамерното руско влијание и попречување на евроатлантската ориентација на Србија, без со неа да се зафати во костец.

Искуството со судбината на тој внатрешен дијалог за Косово, повикува на аналогија, дека и од ЕУ и од нејзините вредности, доколку е потребно, лесно ќе се напуштат со повикување на изборните резултати чии официјални резултати сѐ уште не се објавени.

(Милан Јовановиќ е познат српски новинар и аналитичар, еден од основачите на независната мрежа Антидот. Текстот е објавен на страницата на Форумот за безбедност и демократија)