Во САД, од март, фрлени се 15 милиони дози вакцини против Ковид

Најмалку 15 милиони дози вакцини против Ковид-19 фрчени се во САД од 1 март, објави американската телевизија Ен-би-си, пренесувајќи информација од американските здравствени власти.
Тој број на фрлени дози го пријавиле центрите за спречување и сузбивање на волести, главната сојузна агенција за јавно здравство во САД, американските сојузни држави и аптеките кои ја администрираат вакцината.
Најверојатно е помал, со оглед на тоа што некоид ржави и сојузни агенции не располагаат со податоци.
Причините се различни
Причините за фрлање се различни: истекување на рокот, грешка при разредувањето, проблеми со чувањето на студено. пукнатини на шишенцата… Покрај тоа, по отворањето на шишенцето со неколку дози, вакцината мора веднаш да се потроши во рок од неколку часа и ако нема заинтересирани, тоа пропаѓа.
Иако некои добавувачи јавија за илјадници фрлени дози одеднаш, најчесто се работи за фрлени четири шишенца одеднаш, наведува Ен-би-си.
Две големи американски веледрогерии, „Валгринс и Си-ви-ес, објавија податок за повеќе од два милиона фрлени дози кај секоја, а „Волмарт“ и „Рајт еид“ повеќе од милион.
Поранешните податоци на здравствените власти зборуваа дека од почетокот на американската кампања за вакцинација во јануари 2020 година до март, фрлени се околу 200.000 дози.
Повеќето се фрлени ова лето
Од 15 милиони фрлени дози потоа, повеќето се фрлени во текот на летото од јуни до август, истакнува Ен-би-си.
Тој број е само мал дел од вкупниот број дози дистрибуирани во земјата од јануари (речиси 444 милиони) и бројот навистина потрошени дози (371 милион).
Но, разликите во вакцинирањето во светот сѐ уште се големи, а трката за дози е стварност, затоа што многу земји досега вакцинираа само мал дел од населението, особено африканските.
„Тоа е прашање на праведност“, вели Тим Доран, професор по јавно здравство на Универзитетот Јорк. „Имате многу богати земји на кои вакцината им е достапна и кои едноставно фрлаат дози“.
САД на почетокот на август објави дека на странски земји им пратиле 110 милиони дози вакцини, а кон крајот на август почна да дистрибуира донација од 500 милиони дози од вакцината „Фајзер“, ветени на сиромашните земји.