Во пукотница во Индијанаполис загинаа петмина, меѓу кои и 19-годишна бремена жена


Пет лица, меѓу кои и 19-годишна бремена жена, увиени се во пукање на северот на Индијанаполис во САД.

Еден малолетник е тешко ранет и се наоѓа во критична состојба.

Полицијата добила дојава дека се пука околу 4 часот по локално време. На улица го пронашле ранетиот малолетник, а набрзо ги пронашле и шетте тела на жртвите.

„Покрај сите напори на медициснките лица, бремената жена и нејзиното неродено бебе не преживеаја. Веруваме дека момчет кое е рането ќе го преживее нападот“, рече портпаролот на полицијата Шејн Фоли, пишува Си-ен-ен.

Иако истрагата е во почетна фаза, Фоли вели дека се упатува на тоа дека нападот бил планиран. Полицијата смета дека имало повеќе напаѓачи, но не се соопштува нивниот идентитет.