Во пожар во Шпанија изгоре област со големина од 4.000 фудбалски игралишта


Првиот голем пожар во Шпанија годинава опустоши повеќе од 3.000 хектари на истокот на земјата и принуди евакуација на речиси 1.500 луѓе, објави денеска државната телевизија РТВЕ.

Пожарот ја зафатил граничната област меѓу Арагон и Валенсија. Вчера и денеска се евакуирани луѓе, јавува телевизијата, која се повикува на официјални извештаи.

Како да изгореа над 4.000 фудбалски игралишта
Повеќе од 10 населби во провинциите Кастелон во Валенсија и Теруел во Арагон беа погодени. Во некои области немаше струја, а најмалку три патишта беа затворени.

Површината на шумата што изгоре одговара на површина од повеќе од 4.000 фудбалски игралишта. Гаснењето на пожарот го отежнуваат силниот ветер, ниската влажност и релативно високите температури за овој период од годината од над 20 степени Целзиусови.

Пожарот го гаснат 20 хеликоптери и канардови
Во гаснењето учествуваат 20 хеликоптери и канадери. Минатата година, Шпанија ја имаше најлошата сезона на пожари.

Европската програма Коперник објави дека се случиле 493 шумски пожари. Уништени се повеќе од 3.000 квадратни километри.