Во израелските напади врз Либан за еден ден загинале 95 луѓе


Министерството за здравство на Либан соопшти дека во вчерашните израелски напади загинале вкупно 95 луѓе, а повредени се 172 лица.

И во текот на ноќта израелската армија (ИДФ) изврши напади врз јужните предградија на Бејрут, а претходно ги повика да граѓаните да се евакуираат.

ИДФ синоќа соопшти дека воспоставила „затворени воени зони“ на границата со Либан, а утрово почна „ограничена и локализирана“ копнена операција против Хезболах во јужен Либан.