Во Италија за 24 часа починаа 502 ковид-пациенти
Во последните 24 часа во Италија починаа 502 луѓе заболени од Ковид-19, 148 повеќе од вчера.
Бројот на заразени изнесува 20.396 и е поголем за 5.129 во однос на ден порано, а тестирани биле 369.375 луѓе, речиси двојно повеќе од ден претходно, пренесе Ројтерс.