Во Германија се трага по 14-годишната Вера
Во германскиот град Росток продолжува потрагата по 14-годишната Вера Хрустиќ.
Како што информираат од локалната полиција, таа последен пат била видена во вторникот попладне на 19 декември околу 16 часот во сместување за бегалци во областа Тојтенвинкел. Оттогаш ѝ се губи секаква трага.
Полициската потрага засега е неуспешна, додаваат оттаму.
Вера е витка, висока 160 сантиметри, има црна коса до рамениците. Во моментот на нејзиното исчезнување носела бела јакна со црни риги.
Полицијата од Росток бара помош од граѓаните и бара секој кој има некаква информација за Вера да се обрати до најблиската полициска станица или телефонски.