Во Франција повеќе од 21.000 новозаразени


 

Во Франција во последните 24 часа регистрирани се 21.231 нов случај со корона вирус, а починаа 199 пациенти.

Само во последните 10 дена хоспитализирани се повеќе од 10.000 пациенти поради компликации од Ковид-19, пренесе Ројтерс.

Од почетокот на пандемијата во Франција заразени се повеќе од 4,4 милиони луѓе. Досега починаа 81.647 пациенти.

Франција се наоѓа на седмо место по смртност од Ковид-19 во светот.