Во Британија помалку од 10.000 новозаразени, прв пат од октомври
Во Велика Британија дневниот број новозаразени со корона вирусот во претходниот ден прв пат од 2 октомври е под 10.000.
Во последните 24 часа регистрирани се 9.765 мово случаи, пренесе Би-би-си.
Починаа 230 лица, што е најнизок дневен биланс од 26 декември, кога беше пријавен ист број починати од Ковид-19.