Во 18 пластични ќеси најдени делови од човечки тела во Мексико

Обвинителството на западната мескиканска држава Халиско соопшти дека полицијата пронашла 18 пластични ќеси со отсечени делови од човечки тела на периферијата на градот Гвадалахара.
Полицијата синоќа пронајде дел од човечко тело во близина на надвозник крај автопат, а тоа ги довело до повеќе вреќи залепени меѓу себе во една вдлабнатина во близина. Отсечените екстремитети се испитувата да за се утврди за колку тела се работи, јави АП.
Во ноември лани, властите најдоа 113 тела и делови од тела од тајна грбница во градот Ел Салто, во близина на Гвадалахара. Во текот на 2020 година во градот се откриени вкупно 189 лешеви.
Во таа држава е седиштето на картелот од новата генерација Халиско, една од најсилните и најмоќните во Мексико.
Во тајни гробници пронајдени се повеќе тела откаколку во која било друга држава во последните години. Картелот со години се бори против отцепување на фракции во Гвадалахара и околу неа.
Повеќе од 80.000 луѓе се водат како исчезнати од початокот на војната против дрогата во Мексико во 2006 година.