„Виз ер“ ги откажа сите летови до и од Тел Авив
Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ ги откажа сите летови до и од Тел Авив. Тоа не е првата авиокомпанија која направи ваков потег.
„Поради ситуацијата во Израел, ги откажавме сите летови до и од Тел Авив до понатамошно известување“, се вели во соопштението на „Виз ер“.
Како што јавија американските медиуми, „Јунајтед ерлајнс“, „Американ ерлајнс“ и „Делта ерлајнс“ објавија дека привремено ги прекинале летовите од и до меѓународниот аеродром во Тел Авив.
Летовите за Тел Авив ги откажаа и германската авиокомпанија Луфтханза и „Брусел ерлајнс“, дел од авиогрупата.