(ВИДЕО) Зверев полуде на тениски меч и со рекет удираше кон судијата


На АТП турнирот Абиерто Мексикано во Акапулко се случи невидена сцена во светот на тенисот. Германскиот тенисер Александар Зверев удираше кон судијата со рекет и беше исфрлен од турнирот.

Третиот тенисер во светот е повлечен од АТП тенискиот турнир во Акапулко поради „неспортско однесување“, објави во средата Тур.

Зверев, кој игра во пар со Бразилецот Марсел Мел, удри неколку пати со рекетот во судиското столче откако загуби со 2:6, 6:4 (6:10) од Лојд Гласпул и Хари Хеливар.

Зверев во среда требаше да игра натпревар од второто коло во сингл против сонародникот Питер Гојовчик, откако во првото коло го елиминираше Американецот Џенсон Бруксби.

„Погледнете каде падна топката, погледнете! Ти си кретен. Од…би“, славниот тенисер го пцуеше судијата на мечот.

Неговото однесување налути многу тениски фанови, кои на социјалните мрежи бараат суспензија за третиот тенисер на денешницата, но не се знае дали навистина ќе ја добие.