(ВИДЕО) Во еден од најголемите градови во Австралија е толку тивко што кенгури скокаат низ центарот
Луѓето може да останат дома за време на пандемијата на корона вирусот, но тоа не важи за животните.
Полицијата во Аделаид, еден од најголемите градови во Австралија, постави на Твитер видео во кое се гледа кенгур како скока низ центарот на градот и во шега напиша: „Утрово, офицерите за безбедност го проследија осомничениот облечен во сиво крзнено палто низ срцето на #Аделаида ЦБД. Последен пат беше виден пешки како се движи кон Вест Парклендс“.
Снимката е од неделата и е снимена во јужната австралиска престолнина, кога бил забележан кенгур како скока низ пустите улици во центарот на градот.
Аделаида не е мал– овој крајбрежен град има повеќе од 1,2 милиони жители.
Кенгурот беше забележан од полицијата на Јужна Австралија. Портпаролот на полицијата изјави дека кенгурот за малку избегнал сообраќајна несреќа, пред да се упати кон блискиот парк, пишува „Си-Ен-Ен“.
„Беше прилично уникатно“, рече портпаролот, додавајќи дека најверојатно тишината во Аделаида која е под клуч поради корона вирусот го привлекла кенгурот кон центарот на градот.
Од сите Австралијци се бара да останат дома, а исклучок се купувањето намирници или поради медицинска помош. Собирите на јавни места се ограничени на две лица, а сите јавни места на отворено, вклучително и игралиштата, се затворени.
Protective Security Officers tracked a suspect wearing a grey fur coat hopping through the heart of the #adelaide CBD this morning. He was last seen on foot heading into the West Parklands 🦘🚔👮#animaltakeover #whatsthatskip #kangaroo #cityslicker pic.twitter.com/JPyVXIYQRw
— South Australia Police (@SAPoliceNews) April 19, 2020
Слични сцени се присутни и во други делови на светот. Како што објави „Си-Ен-Ен“, во тајландската провинција Пукет е забележан пораст на бројот на гнезда на желки, каде што на некои плажи достигнал 20-годишен максимум. Се верува дека зголемувањето е поради мерките за справување со епидемијата на корона вирусот, што беа донесени во март.
Пукет е најпопуларен остров на Тајланд и е главна туристичка атракција. По појавата на корона вирусот беа донесени строги мерки за изолација.
Сега туристите ги нема, а улиците се празни – како плажите, така и крајбрежјето.
Во Велс кон крајот на март, пак, стадо кози го напуштија својот дом на копното во Греит Орме за да прошетаат низ северниот крајбрежен град Ландудно.
Улиците беа тивки откако беа донесени новите ограничувања за социјалното дистанцирање – па козите со задоволство ги исполнија празните места.
Видеата и сликите што се споделуваат на Интернет ги прикажуваат козите што пасат трева на црковен имот, а не им одолеаја ниту на цветните леи и на станбените имоти.
The #goats making the most of a seaside town's deserted streets pic.twitter.com/CvNzByl0bd
— BBC Wales News (@BBCWalesNews) March 31, 2020