(Видео) Први концерти со социјална дистанца: Ова ли е иднината?


Англија-Прв концерт со социјална дистанца, така го нарекоа организаторите концертот одржан синоќа во Њукасл во Англија.

Сем Фендер ја имаше честа да го одржи првиот настап во време на пандемија и тоа пред публика која стоеше во 500 оградени и подигнати метални платформи кои примаа помалку од 10 лица од исто друштво.

На концертот имаше околу 2.500 луѓе, а во металните платформи беше обезбеден пијалак, средство за дезинфекција и маски.

Судејќи според коментарите на социјалните мрежи впечатоците се поделени, едните сметаат дека е премногу оградени, а други се радуваа на каков и да концерт, па и секој да има свое место.

Планот е на исто место да се продолжи со концертите, а следниот настап го има Ван Морисон.