(Видео) Па, каде си? Погледнете како Путин го чека Ердоган


Владимир Путин го чекаше својот турски колега пред новинарите речиси цела минута и делуваше прилично нервозно.

Тој отиде до малата маса и ги прекрсти рацете, подготвен да го пречека својот турски колега. Но, Реџеп Таип Ердоган не дојде веднаш. Ова не му се допадна на Владимир Путин.

Додека чекаше, пред камерите се прфлаше од нога на нога, а на новинарите не им недостигаа гримасите кои постојано ги правеше. Кога конечно се појави Ердоган, по речиси една минута, Путин ги рашири рацете, како да се прашува каде е до сега.

Светските медиуми го пренесоа видеото, истакнувајќи дека чекањето е непозната територија за рускиот претседател, со оглед на тоа што тој е тој што вообичаено ги остава другите светски лидери да го чекаат, понекогаш и со часови.

„Оние 50 секунди што Путин го чекаше Ероган, изгледајќи уморно пред камерите, кажуваат многу за тоа колку многу се променило од Украина“, напиша дописникот на Нејшенал њус, Џојс Карам, на Твитер.

Карам шпекулира дека ова е мала слатка одмазда на Ердоган за средбата во Москва во 2020 година, кога го чекал Путин две минути, пренесува Гардијан.

Тогаш турските медиуми пишуваа дека Ердоган и неговата придружба биле понижени, оставени да чекаат во салата, а снимка од тоа ја пренесоа руските медиуми.

Владимир Путин, Реџеп Таип Ердоган и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси разговараа за ситуацијата во Сирија и блокадата на украинското жито во Техеран.