(Видео) Огромни поплави во Австралија, водата однесе куќи


 

Австралискиот источен брег е погоден од силни дождови, што предизвикаа поплави кои ги присилија жителите на евакуација во неколку региони, додека надојдената вода однесе куќи, оштети патишта, отсече градови и ја прекина струјата.

Во Сиднеј, најголемиот град во земјата, властите ги молеа луѓето да останат дома заради излевање на големи брани и помало торнадо кое се проби низ западаното предградие.

Поголем дел од брегот на сојузната држава Нов Јужен Велс, кој е дом на околу 25 милиони луше кои живеат ов Австралија, сведочи на рекордни врнежи во март, а властите предупредуваат дека тие нема да престанат во следните неколку дена.

„Жал ми е што морам да повторан до сите граѓани на нашата држава, но ова нема да биде едноставна седмица за нас“, рече на телевизискиот брифинг премиерката на Нов Јужен Велс Гејдис Берејиклијан. „Дождот може да паѓа до четврток или петок“.

Водата проголта куќи

Телевизиските снимки покжауваат растечка штета низ целата земја, со вода која проголтува куќи се до прозорците, а улиците се оштетени. Едно видео прикажува како е однесена цела куќа.Локалните медиуми пренесоа дека жителите од куќата се евакуирани.

Браната од која цел Сиднеј се напојува со вода почна да се излева во саботата, а службениците предупредија дека излеаната вода ќе им се придружи на надојдените реку, поради што може да има ненадејни поплави.

Помало торнадо помина крај куќите на западниот дел од градот, предизвика штета на повеќе домови, урива стебла и нема струја.

Луѓето се повикани да избегнуваат патувања.