(Видео) Кентаки: Незапамтени поплави, има загинати – со чамци спасувале вакцини

Силните дождови и порастот на водостојот поради топењето на снегот предизвикаа големи поплави во Кентаки, САД.
Вакцините против корона вирусот морало да бидат спасувани со чамец откако обилните дождови се заканиле да ја поплаватa здравствената установа во Кентаки, каде биле сместени, јави Си-ен-ен.
Дозите се спасени од здравственото одделение во Бетвил и преселени во округот Волфе, рече гувернерот Енди Бешер на конференција за медиумите.
Прогласена вонредна состојба
„Очекуваме ова да биде една од најголемите поплави кои сме ги имале“, рече директорот на секторот за управување со вонредни ситуации Мајкл Досет.
Гувернерот, поради обилните дождови прогласи вонредна состојба, а во 36 локални места прогласена е состојба на катастрофа, како и во 29 окрузи и седум градови.
Во понеделникот наутро притоките на реката Кентаки достигнале до главната линија на одбрана.
Како одговор на тоа сктивирана е Националната гарда, со околу 70 припадници на стражарската служба кои пружаат поддршка.
Во акцијата учествува и посади на четири хеликоптери, рече гувернерот.
Поради обилните дождови во Џорџија е забележан и еден смртен случај.
Како што пренесе Си-ен-ен, починал 65-годишниот Харвеј Хилман откако во Ривердејл го удрило дрво кое паднало врз него и неговиот камион.
Тој тргнал со својот камион, за да оди на работа, но го зафатила снежна бура.
Голем дел од дрвото паднал на неговиот камион и семејството го нашло како лежи на земја.