(Видео) Хаос на протестите во Минск: Новинарка и снимател приведени за време на вести во живо

Полицијата во Белорусија приведе стотина луѓе, демонстранти и новинари, на протестот против кампањата за повторен избор на претседателот Александар Лукашенко.
Опозициските кандидати собираа потписи од приврзаниците во главниот град Минск, пред да интервенира полицијата, пренесе РСЕ.
Александра Динко, известувач за белорускиот сервис на Радио Слободна Европа, е приведена додека во живо пренесувала вести, заедно со снимателот Андреј Рабчик.
Во саботата, групата за човекови права „Вјосна“ соопшти дека најмалку 120 лица се уапсени ширум земјата за време на протестите, а некои од нив се ослободени во меѓувреме.
Так задержали корреспондентов Белорусской службы Радио Свобода в Минске. Где они – по-прежнему неизвестно – https://t.co/Ftfdn7fa8O pic.twitter.com/wStV0460uQ
— Радио Свобода (@SvobodaRadio) June 19, 2020
Белоруските власти пред некој ден го уапсија опозицискиот кандидат Виктор Бабарико поради сомнеж за финансиска малверзација.
Последните недели уапсени се и некои опозициски активисти, новинари и блогери.
Претседателските избори во Белорусија се одржуваат во август, а актуелниот претседател Александар Лукашенко се кандидира за шести мандат.