„Ви се обраќам како на идни членови на ЕУ“: Кошта со порака до Македонија
По повод одбележувањето на 9 мај, Денот на Европа, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. преку видео порака се обрати до македонските граќани.
„Драги граѓани на Северна Македонија, Ви се обраќам денес како идни членови на Европската унија“, вели во порака Кошта додавајќи дека на Денот на Европа, заедно ги прославуваме нашот заеднички европски проект. кога членките основачи го одбраа единството поделбите и соработката наместо конфликтите.
„Тие одлучија да изградат иднина заснована на мир, слобода и просперитет на пепелта на Втората светска војна. Веруваме дека вашата иднина е во Европската унија. Се покажува огромен труд за таа визија да стане реалност.. Вашата земја е кандидат за членство во Европската унија многу години. Време е да се направи следниот чекор напред. Заедно ќе изградиме заедничка европска иднина. Да живее Европа“, порача претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.
ЛИНК до видеото.