Гилфорд договара гасоводи низ цел регион, денес беше во Софија


Амбасадорката на САД во Грција, контроверзната Кимберли Гилфорд, се повеќе функционира како неформален регионален амбасадор. Таа денес престојувала во Бугарија заедно со поранешниот градоначалник на Њујоирк и силен поддржувач на Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, за да разговара за заеднички енергетски проекти, преку кои веројатно САД сакаат да продаваат гаса на целкиот регион. Во Софија таа имала средба со претседателката Илијана Јотова.

„Имав чест оваа недела да патувам во Софија, Бугарија, заедно со мојот пријател градоначалник Руди Џулијани, каде што се сретнав со претседателката Илијана Јотова, министерката за енергетика Ива Петрова и други бугарски лидери. Разговаравме за можностите за унапредување на нашите заеднички енергетски приоритети. САД работат со Грција, Бугарија и други партнериво регионот за да ја унаореди споделената визија за енергетска сигурност преку вертикален гасен коридор “, напиша Гилфорд на Твитер. 

Инаку САД во моментов немаат амбасадори во повеќе земји од регионот, вклучувајќи ги Бугарија и Македонија. Одамна се шпекулира дека Трамп може да ја рационализира мрежата и да има еден амбасадор за цел регион.