Последна почит за Владо Јаневски утре на платото пред СЦ „Борис Трајковски“


Фото: Б. Грданоски

Граѓаните, уметниците, колегите и семејството, утре во 20 часот пред платото кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“  ќе му оддадат последна почит на еден од најзначајните македонски пејачи, композитори и текстописци , Владо Јаневски.

„Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Да го испратиме достоинствено. Со песна. Со тишина. Со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат – тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, порачаа организаторите „Прагма продукција“.

 

Тој почина вчера на 65 годишна возраст, а погребот ќе биде во среда на градските гробишта Бутел.