„Уште ми фалиш“: Дац и Александар си направија онлајн-емисија (видео)

Од 6 декември, недела, во терминот 20:30, (специјално направена за Јутјуб и нивната фејсбук-страница), се емитува авторската емисија на Дац и Александар – „Уште ми фалиш“, според нивната истоимена песна.
Во првата епизода гостин беше Ѓокица Лукаревски, доајен на македонското глумиште, кој се наврати на својата младост и запеа песна покрај Дац и Александар.