Украинците нападнаа руска база на Крим, уништија три хеликоптери


 Украинците минатата ноќ извршиле напад на аеродромот на Крим и во него се уништени три руски хеликоптери – Ми-8, Ми-26 и Ми-28, како и самоодниот противвоздушен ракетен топ-систем Панцир-С1. СБУ наведува дека од пожарот биле оштетени и летала со екипаж, противвоздушни одбранбени системи, складишта за муниција, како и извидувачки и борбени беспилотни летала.

Во раните утрински часови, од аеродромот пристигнаа извештаи за секундарни детонации.

„СБУ систематски работи на намалување на способноста на Руската Федерација да извршува воздушни и бомбардирачки напади на територијата на Украина“, соопшти службата. „Окупаторите мора да разберат дека нивната скапа воена опрема и муниција не се безбедни никаде – ниту на фронтовските линии, ниту во привремено окупираните области, ниту длабоко во заднината.“

На почетокот на јуни се појави информација дека цивилниот аеродром во Керч, град под руска окупација, кој се наоѓа на околу 100 километри од воениот аеродром Кировска, се претвора во воена база со цел лансирање беспилотни летала кон Украина.