Украина можеби ќе ја запре офанзивата за да размисли за тактиката

Супериорноста на рускат авијација спречи многу од нападите на украинските војски. Напредувањето е побавно отколку што се очекуваше


Украински војник покрај тенк кој пука кон руските позиции кај Бахмут (Фото: АП)

 

Украинските вооружени сили може да ја прекинат контраофанзивата што започна пред две недели за да ги разгледаат тактиките за идните операции, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ).

„Оперативните паузи се вообичаен феномен во големите офанзиви и оваа пауза не значи крај на украинската контраофанзива“, нагласуваат аналитичарите.

„Волстрит џорнал“ на 17 јуни објави дека украинските единици главно ги прекинале офанзивните операции. Според изданието, украинската команда ја разгледува тактиката на понатамошни воени дејства, бидејќи војската на бојното поле се соочила со супериорноста на руските трупи во воздухот. Благодарение на ова, Русија ги одврати нападите во источните и јужните делови на Украина.

„Командантите прават сметка за изминатите две недели и ги анализираат начините да се пробијат руските позиции без да се

Шефот на разузнавачкиот центар на естонските одбранбени сили (ЕДС) полковник Марго Гросберг зборуваше и за можното запирање на контраофанзивата на Вооружените сили на Украина. „Нема да видиме офанзива во следните 7 дена. Следната недела ќе продолжи потрагата по слаби точки на позициите на Русите и веројатно по целата должина на фронтот“, изјави Гросберг на 16 јуни.

Како што забележаа воените аналитичари на ИСВ, овие извештаи се совпаѓаат со нивните набљудувања за обемот и пристапите на локалните контранапади од страна на Вооружените сили на Украина во јужна и источна Украина. Во исто време, експертите потсетуваат дека украинската команда сè уште не испратила мнозинство од расположливите сили во контраофанзива и не ги распоредила своите главни борбено подготвени единици.

Во текот на изминатите 24 часа, експертите на ИСВ регистрираа напади на украинските сили истовремено во четири сектори на фронтот. Сите имаа ограничен успех.

Во текот на две недели од контраофанзивата во правците Бердјанск и Мелитопол, вооружените сили на Украина ослободија осум населени места од руската окупација, изјави во понеделникот заменик-министерката за одбрана Ана Малијар. Севкупно, украинските сили навлегоа 7 километри во територијата окупирана од Русија во јужниот правец и зазедоа 113 квадратни километри, истакна Малијар, цитирана од Ројтерс.

Повторното заземање на Пјатихатки, село во јужниот регион Запорожје, од страна на украинските трупи, го потврди и официјален претставник назначен од Русија, кој додаде дека борците од Киев зазеле позиции таму додека биле под оган од руската артилерија.

Британското Министерство за одбрана соопшти денеска дека во текот на изминатите 10 дена, Русија можеби почнала да пренесува елементи на својата група војници Днепар од источниот брег на реката Днепар за да ги зајакне секторите Запорожје и Бахмут, објави Ројтерс.

Пренасочувањето на војските веројатно го одразува мислењето на Русија дека сега е помалку веројатен голем украински напад преку реката Днепар по уривањето на ѕидот на браната Каховка и последователните поплави, соопшти Министерството.