Убиениот полицаец во Колорадо е татко на седум деца: Се обучувал да управува дрон

Меѓу десетте убиени во нападот на супермаркет во Боулдер, Колорадо беше и Ерик Тали, полицаецот кој прв дошол на местото на нападот.
„Воопшто не ме изненади што бил прв на лице место“, вели во телефонски разговор за колкална телевизија Хомер Тали, татко на 51-годишниот полицаец кој беше убиен во нападот.
Шефицата на полицијата во Боулдер, Марис Харолд вели дека Ерик Тали се однесувал како херој. Во полицијата во Боулдер бил од 2010 година.
Татко на седум деца
Ерик Тали бил татко на седум деца од кои најстарото има 20 години.
„Го сакаше семејството повеќе од се“, вели неговиот татко Хомер.
Ерик Тали се обидувал да положи испит за оператор на дрон затоа што сметал дека таа работа е побезбедна, јави Си-ен-ен.